138
Екипата на Рома ја оправда фаворитската улога и славеше над Верона со 2-0 во петтото коло од Серија А.
„Волчицата“ го скрши отпорот на гостите со гол на Довбик во првиот дел, а во продолжението Матијас Суле ја потврди победата.
Ова е четврти триумф за клубот од Рим, со што „римјаните“ се израмнија по бодови со Наполи кој вечерва го играа дербито со Милан.
Во вториот натпревар во истиот термин Пиза и Фиорентина одиграа без голови.