800
Фудбалерките на ЖФК Љуботен денеска славеа победа од 3-0 во финалето против Тиверија Брера и така стигнаа до третата титула во низа во Купот на Македонија, а натпреварот го обележаа грешките на голманката Панчуровска и одбраната на Брера.
Клучната фигура на натпреварот беше Нигериската напаѓачка Огочукву Охадиле, која двапати ја тресеше мрежата – прво во самиот финиш на првото полувреме, а потоа и во 49. минута, само што започна вториот дел.
Ева Величковска ја заокружи убедливата победа со трет гол во самата завршница, потврдувајќи ја надмоќта на Љуботен.