(ВИДЕО) „Не знам како Бензема помина, а и тој самиот не знае! – Зидан за магичниот слалом на напаѓачот

by
2 минути читање

Атлетико Мадрид одлично го започна реваншот со Реал Мадрид и поведе со 2-0
по само 20 минути игра.

„Колчонероси“ беа блиску до анулирање на предноста на „Кралевите“, но пред
финишот на првиот дел, Иско погоди за 2-1 и ги урна надежите на домаќините.

Најзаслужен за голот е Карим Бензема, напаѓачот на мал простор покрај
гол-аут линијата успеа да се ослободи од тројца противнички играчи.

„Не знам како Бензема помина – рече по крајот на натпреварот Зинедин Зидан.

„Во фудбалот не
се само головите. Често и вакви потези се клучни
.

„Го прашав Бензема
како успеа да се ослободи од тројца противнички играчи, и тој самиот не знаеше
да ми каже
.

„Задоволен сум од
неговите перформанси
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани