111
На Чиле му е потребен секој бод во борбата за пласман на Светското првенство, па поразот од Еквадор е удар за оваа репрезентација.
Ѕвездата на Чиле, Артуро Видал не само што направи старт за црвен, туку тоа беше прекршок каков што ретко се гледа.
Тој по мечот преку социјалните мрежи им се извини на сите за стартот.
„Се уште не можам да поверувам. Можам само да им се извинам на соиграчите, на стручниот штаб, на мојата фамилија и на цела држава. Ќе продолжиме да се бориме до крај“, напиша Видал.