159
Артуро Видал денеска го комплетираше трансферот во Барселона откако стави потпис на тригодишен договор со шпанскиот шампион.
„Среќен сум. Да бидам искрен, многу сум среќен. Едвај чекам да почнам да тренирам со моите соиграчи, да го облечам овој толку познат дрес и да правам важни работи тука“, вели Видал.
„Ова е како сон. Се надевам дека ќе ги остварам моите цели тука. Туку сум за да ги освојам сите можни трофеи и ќе дадам се на теренот за да го направиме тоа“.
„Со многу борба и многу пасија ќе му помагам на тимот во целиот период за да победуваме“.
„Возбуден сум што ќе играм со Меси, Суарез, Серхио Бускетс, сите тие се големи фудбалери“.