Фудбалерот од
средниот ред на Барселона, Артуро Видал не крие дека не е среќен на „Камп Ноу“,
а се шпекулира дека Интер би можел да го ангажира уште во јануарскиот преоден
рок.
Познато е тоа
дека Видал со новиот тренер на „Нероаѕурите“, Антонио Конте имаше одлична
соработка во тимот на Јувентус, па не е исклучена можноста тие повторно да
соработуваат.
Поради проблемите
со повредени фудбалери, наводно Конте сака дополнителни засилувања во тимот за
јануарскиот преоден рок, а се верува дека Видал е еден од неговите опции.
Како и да е, 32
годишниот Чилеанец кој лани од Баерн Минхен премина во редовите на
Каталонците, вели дека ќе работи напорно за да остане на „Камп Ноу“, меѓутоа
отворено проговори дека не е среќен.
„Ќе работам
напорно да не си заминам од клубов, а воедно и да ги оствариме овосезонските
цели кои клубот ги има поставено, меѓутоа, не сум среќен…“ рече Видал за „Ел
Меркурио“ за моменталната ситуација.
„Работев напорно
низ целата моја кариера, моите моменти се уште не пристигнале, меѓутоа смирен
сум по однос на таа тема, бидејќи знам дека тоа ќе се случи“ додава тој.
„Не сум во
можност за да пронајдам објаснување, постојат многу начини на кои би можеле да
гледате на фудбалот, одлуките на тренерот едноставно мора да се почитуваат,
постојано кога сум во комбинација за настап се обидувам да му помогнам на тимот“
посочи Видал.
Од самото
пристигнување на „Камп Ноу“ лани, Видал мака мачи да дојде до првотимски статус
под кормилото на Ернесто Валверде, генерално тој досега забележа 39 настапи за
Каталонците, на кои постигна и пет погодоци, меѓутоа дури на 31 натпревар од
истите влезе од клупата за резерви.