Видал очигледно сака трансфер на сила, Чилеанецот ја тужи Барса и бара 2,4 милиони евра

by
1 минути читање

Артуро Видал на 5. декември поднел тужба против Барселона, ова го пренесе весникот АБЦ. Чилеанецот бара 2,4 милиони евра на име на неисплатени бонуси од минатата сезона.

Раководството на „каталонците“ не се сложува со ова и смета дека Арутро Видал и неговите адвокати лошо ја интерпретираат клаузулата. Се работи за бонус за одиграни над 60% од натпреварите, а спорна е минутажата (морал да одигра најмалку 45 минути по натпревар).

Од таборот на Барса се убедени дека ова е маневар на Артуро Видал со кој се обидува да изнуди трансфер. Чилеанецот е желба на Антонио Конте и Интер е подготвен да плати околу 12 милиони евра што е далеку помалку од она што клубот од Камп Ноу го бара (20 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×