Артуро Видал ги
засили редовите на Барселона, а за момент се наврати на спорните ситуации во
Лигата на шампионите каде неговиот поранешен клуб, според неговото мислење
претрпе штета од судиските одлуки против големиот ривал на Каталонците,
мадридски Реал.
„Со ВАР, Баерн би имал две титули повеќе во Лигата на шампионите“ рече Чилеанецот а потоа
додаде на очекувањата со тимот од Камп Ноу.
„Мојот омилен
трофеј е оној од Лигата на шампионите, знам дека Барселона го освои неколку
пати, но јас го посакувам сега, сакам да освојам се’ што е можно“ додаде тој.
Видал на Камп Ноу дојде откако Паулињо се врати во Кина, па ќе има голем простор за докажување во дресот на Каталонците кои се чини дека направија одлична зделка.