Вида беше еден од клучните играчи против Русија, го даде вториот гол на мечот за својата селекција, а беше прецизен и во пенал рулетот. Но по мечот даде една контроверзна изјава.
Вида рече „Слава на Украина“, тоа е извик кој го користат украинските војници и националисти. Изјавата беше протолкувана како политичка со оглед на нарушените односи меѓу Русија и Украина.
Се веруваше дека по оваа изјава ФИФА ќе го суспендира ВИДА на неколку натпревари, но за среќа на Хрватска тој доби само опомена.
Хрватската фудбалска федерација со соопштение се огласи за овој непријатен настан:
„Хрватската фудбалска федерација ја користи оваа можност да реагира на интерпетацијата на изјавата на Домагој Вида и Огнен Вукојевиќ по мечот против Русија, поради која ФИФА ги опомена двајцата играч“.
„По четвртфиналниот натпревар меѓу Русија и Хрватска во Сочи, хрватскиот репрезентативец Домагој Вида и членот на стручниот штаб, Огнен Вукојевиќ, преку социјалните мрежи испратија порака наменета до пријателите во Украина каде поминаа голем дел од кариерите“.
„Хрватската фудбалска федерација нагласува дека испратената порака е само одговор на пораките кои овие двајца фудбалери ги добиваа од Украина во текот на целото првенство, со оглед на тоа дека и двајцата долги години беа членови на Динамо Киев“.
„Како и да е, Хрватската фудбалска федерација ги предупреди Вида и Вукојевиќ, како и сите останати репрезентативци во иднина да се воздржат од било какви пораки кои би можеле да бидат политички протолкувани“, стои во соопштението на федерацијата.