Ветеранот Кеисуке Хонда не се откажува, потпиша за нов клуб!

by Стефан
0 минути читање

Кеисуке Хонда, поранешната ѕвезда на Милан и јапонската репрезентација, не запира ниту два месеци пред својот 40. роденден. Прославениот фудбалер реши да прифати нов предизвик и потпиша договор со сингапурскиот клуб Џуронг, кој настапува во тамошната Премиер лига.

Хонда во изминатиот период настапи на неколку пријателски натпревари, а сега потпиша двегодишен договор со Џуронг. Сингапурскиот клуб одлучи да го искористи огромното искуство на Јапонецот.

Во кариерата Хонда настапуваше и беше дел од клубови во голем дел од светот како: Холандија, Русија, Италија, Мексико, Австралија, Бразил и Азербејџан. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×