Цел Египет
изминатиов период беше во исчекување на вестите за процесот на опоравување на
Мохамед Салах, кој заработи повреда на десното рамо во финалето од Лигата на
шампионите.
Фудбалерот на Ливерпул беше неизвесен за стартот на мундијалот, но денеска
Ектор Купер соопшти добри вести. Селекторот на Египет откри дека Мохамед Салах
ќе биде стартер против Уругвај.
„Салах се
чувствува навистина добро, се опоравува многу брзо. Речиси со 100% сигурност
можем да кажам дека ќе игра, секако доколку не се случи нешто непредвидено во
последен момент” – рече
Купер на денешната прес конференција.
„Докторите му
даваат опција да игра или да не игра. Го познавам Салах многу добро и тој не се
плаши. Сепак, сите сме свесен дека секогаш има одреден ризик”.