„Вештерките“ за прв пат ќе летаат во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Вештерките“ како што е надимакот на Беневенто, направија историски успех откако успеаа да се пласираат во Серија А.

Во реванш натпреварот го победија Карпи со 1-0 по што големото славје можеше да започне, на првиот меч мрежите мируваа.

За чудотото наречно Беневенто да биде уште поголемо, тие минатата сезона за прв пат во својата историја изборија пласман во Серија Б.

Дел од тимот на Беневенто е и нашиот Никола Јакимовски кој не беше дел од натпреварите против Карпи.

Стрелец на единствениот гол на денешниот меч беше Ѓорѓе Пушкаш во 33. минута од мечот, тој е романски фудбалер на Интер кој настапува како позајмен во Беневенто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани