Вест за Хамес Родригез која сигурно е „добредојдена“ за Реал Мадрид

by
1 минути читање

Подолг период се
најавува враќање на Хамес Родригез во Реал Мадрид по истекот на двегодишната
позајмица во Баерн Минхен на лето, а сега Колумбиецот има дополнителна причина
за тоа, како и Кралскиот клуб кој има и корист од тоа.

Од утрово,
Родригез повеќе нема да се смета за странски фудбалер во Примера откако се
здоби со шпански пасош, а со оглед на тоа што екипите во најсилниот шпански
фудбалси шампионат имаат право на само четворица фудбалери во својот состав вон
ЕУ, оваа вест сигурно е добредојдена во Реал Мадрид.

Кралевите за
идната сезона ќе ги регистрираат Винисиус Жуниор, Родриго Гоес и Едер Милитао
како фудбалери вон ЕУ зоната, а со тоа што Родригез доби шпански пасош, сега
шпанскиот гигант ќе има уште едно место за регистрација на странски фудбалер.

Иднината на
Колумбиецот во Минхен е неизвесна, многу шпекулации има за неговата иднина, а
секако дека денешната вест не го радува само Реал Мадрид, туку и неколку
гиганти кои се заинтересирани за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×