Новиот спортски
директор на Рома, Мончи е подготвен да издвои 10 милиони евра за да го доведе
во Рим, левиот бек на Манчестер Сити, Србинот Александар Коларов.
Коларов има
важечки договор со англискиот клуб до идното лето, се поизвесно е дека ќе си
замине од Сити со оглед на тоа што нема никакви најави дека ќе следи
продолжување на соработката.
Коларов заедно со
Ријад Марез од Лестер и Грегори Дефрело од Сасуоло се на врвот од листата на
желби на италијанскиот вицепрвак.
Италијанските медиуми
пренесуваат дека единствена пречка за Рома е високата плата која Коларов ја има
во Манчестер Сити, истата изнесува 4 милиони евра на годишно ниво.
Доколку се
реализираат најавите за трансфер на Коларов во Рома, сигурно дека фановите на
Лацио нема да останат покуси во нивните реакции.
Србинот три
години го носеше дресот на Лацио (2007-2010), по што премина во редовите на
Манчестер Сити.