Интер е близу до
договор со својот најдобар фудбалер во екипата, Мауро Икарди, околу ставање
потпис на нов договор и продолжување на верноста на Аргентинецот со
Нероаѕурите, шпекулациите кои пристигнуваат од Италија, велат дека во
преговорите останале уште да се договорат бонусите.
Тимот од Милано е
на прагот да го задржат својот капитен на подолг рок, а Газета дело Спорт
наведува дека Икарди би можел да потпише нов договор кој би го обврзал на
верност со клубот до 2023. година, со годишна плата до 6 милиони евра.
Постои некаков
договор помеѓу фудбалерот и клубот, но, од Италија наведуваат дека се уште се
преговара за бонусите кои би биле вметнати во самиот нов договор.
Најавите велат
дека во следните неколку седмици преговорите помеѓу обете страни ќе завршат и
со финална официјализација.