Вест Хем во тешка криза го изненади Челси и славеше на Стемфорд Бриџ за прв пат по 17 години (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вест Хем во тешка
криза пристигна на Стемфорд Бриџ, „чеканите“ немаат победа во Премиерлигата два
месеци, на Пелегрини му се закануваше отказ, но гостите успеаја да го изненадат
фаворитот.

Лампард се реши
за големи промени, па „сините“ се мачеа на теренот, во второто полувреме немаа
ниту еден шут во рамките на голот. Вест Хем знаеше да ја искористи анемичноста
на противникот и со голот на Кресвел на стартот од вториот дел стигнаа до три
бода и се израдуваа на прва победа на Стемфорд Бриџ по 17 години.

Ливерпул се
зацврсти на врвот на табелата откако со 2-1 го победи Брајтон. Ван Дајк беше
двоен стрелец за домаќините, Данк во финишот од мечот погоди за гостите и ја
направи завршницата интересна.

Мурињо и Тотнем
имаа уште една победа од 3-2 и исто како на претходниот меч, „спарси“ водеа со
3-0 и дозволија противникот да се врати во играч. Али постигна гол во 21. минута
а истиот играч на стартот од второто полувреме ја дуплираше предноста. Сисоко
реализираше во 69. минута за 3-0, но Борнмут не се откажа. Вилсон намали на 3-1
во 73. минута, за потоа во шестата минута од судиското надополнување да погоди
по втор пат за 3-2 и драматични последни мигови.

На последниот
натпревр од 16 часот во Премиерлигата, Кристал Палас со головите на Заха и Шлум
стигна до победа од 0-2 кај Барнли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×