Популарниот навивач на Вест Хем, легендарниот британски алетичар Крис Акабуси смета дека „чеканите“ треба да тргнат по потписот на Бојан Миовски.
Македонецот имаше одлична сезона во Шкотска во дресот на Абердин, па често е дел од трансфер шпекулациите.
Напаѓачот ова лето се повразува со неколку клубови како Болоња и Џенова, а конкретен интерес покажа и Еспањол, кој достави предлог вреден околу 3 милиони фунти, кој сепак веднаш беше одбиен (цената на Бојан Миовски е двојно поголема).
Легендарниот британски атлетичар Крис Акабуси сега излезе со предлог до неговиот омилен клуб Вест Хем, и советува трансфер на Бојан Миовски, смета дека за таа сума Македонецот е живо џабе.
„Вест Хем е во потрага на нов напаѓач, и колку што слушам, Абердин бара околу 6,5-7 милиони фунти“ – вели Крис Акабуси.
„Знам дека и 10 милиони веќе не се ништо во англискиот фудбал, па Вест Хем треба добро да размисли за Бојан Миовски, кој го бара половина Европа!“.
„Астон Вила ни бара 40 милиони фунти за Јон Дуран, па Бојан Миовски ќе биде живо џабе во споредба со него“.