Вест Хем славеше против Вулвс, Тотнем по 17 години се најде во зоната за испаѓање (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Вест Хем со убедливи 4-0 го совлада Вулверхемптон, Мавропанос и Кастељанос со по два гола донесоа три бода за излез од зоната за испаѓање.

Тотнем по 17 години се најде во зоната за испаѓање, последен пат таму беа во јануари 2009 година, кога по поразот од Виган се најдоа на 19-та позиција на табелата.

„Спарси“ сега се 18-ти откако Вест Хем на отворањето на новото коло со убедливи 4-0 го совлада Вулверхемптон.

Мавропанос во финишот на првиот дел донесе 1-0, па „чеканите“ послободно играа во продолжението а тоа донесе два гола за две минути на Кастељанос.

Во завршните минути од натпреварот, Мавропанос со својот втор гол ги постави конечните 4-0, па Вест Хем ќе преноќи на сигурно.

ФОТО: X/West Ham United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×