Вест Хем: Сакавме да го задржиме Паје и да покажеме дека никој не е поголем од клубот, но…

by
1 минути читање

Клубот и навивачите се разочарани од однесувањето на Димитри Паје, фудбалерот кој имаше голема поддршка и почит од фановите додека играше за Вест Хем, но успеа во последните месеци сето тоа да го расипе.

Откако го комплетираше трансферот во Марсеј, со соопштение излезе и претседателот на Вест Хем објаснувајќи ја целата ситуација.

„Сакам да потенцирам дека клубот е искрено разочаран од тоа што Димитри Паје не ја покажа истата посветеност и почит како што клубот и фановите ја покажуваа кон него, особено поради тоа што минатата година го наградивме со нов богат пет и пол годишен договор“ – вели претседателот на Вест Хем, Дејвид Саливен и продолжува:

„Сакам да ставам јасно дознаење дека ние немаме никаква финансиска потреба да ги продаваме нашите најдобри фудбалери и одлуката да го продадеме Паје беше поради желбата на тренерот Билиќ и за интересите на тимот кој треба да биде обединет“.

„Да бидам искрен, бордот и јас сакавме тој да остане и од него да направиме пример дека никој играч не е поголем од клубот“.

„Уверен сум дека со квалитетот на играчите кои ги купивме во јануарскиот преоден рок, составот ќе биде посилен на крајот од овој преоден рок отколку што беше на почетокот од сезоната“.

„Сега гледаме напред кон градење на атмосферата на нашата добра форма од пет победи во последните седум натпревари и сме фокусирани на искачување на табелата од Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани