Вест Хем официјално го претстави своето прво засилување во зимскиот преоден рок, а нов член на тимот е аргентинскиот напаѓач Тати Кастељанос, кој пристигнува од Лацио.
25-годишниот фудбалер потпиша договор на четири и пол години, со можност соработката да биде продолжена за дополнителна една сезона. Раководството на лондонскиот клуб јасно стави до знаење дека очекува голем придонес од новото засилување.
„Агресивен, длабоко подготвен напаѓач способен да постигнува и да создава голови, да ја поврзува играта и да работи напорно за својот тим, Кастељанос уживаше во одлична кариера во МЛС, Ла Лига и Серија А, а сега ќе ги донесе своите сеопфатни квалитети во Премиер лигата“, соопштија од Вест Хем.
Кастељанос во новиот клуб ќе настапува со дресот со број 11 и ќе биде на располагање за настап уште утре, кога Вест Хем на домашен терен ќе се соочи со Нотингем Форест.