Вест Хем не успеа да го ангажира Мазрауи, па ќе му помогне на Марокенцот да се пресели во Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Мазрауи

Вест Хем откако имаше неуспешен обид за ангажман на Нусаир Мазрауи, ќе се насочи кон Арон Ван Бисака, една ваква зделак ќе отвори простор за преселба на Мароканецот во Манчестер јунајтед.

„Чеканите“ и Баерн Минхен оваа недела си подадоа рака за трансфер на Нусаир Мазрауи вреден околу 20 милиони евра сосе бонуси, но агентите на фудбалерот не најдоа заеднички јазик со Вест Хем и зделката пропадна.

Клубот од Лондон веднаш се насочи кон планот Б, и се фокусира нa Арон Ван Бисака од Манчестер јунајтед.

Со еден ваков потег, Вест Хем ќе му направи и услуга на Нусаир Мазрауи.

Имено, Мароканецот е на листата со желби и во Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ прво треба да се ослободат од Арон Ван Бисака за да испратат конкретен предлог до Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани