22
„Чеканите“ и понатаму одолеваат на притисокот од Фламенго па ја одбија и втората понуда за услугите на Лукас Пакета.
Лукас Пакета побара овој месец да го напушти Лондон и да се врати во Бразил, но Вест Хем нема намера лесно да се откаже од својата ѕвезда.
Како што пренесува Атлетик, „чеканите“ ја одбиле и втората понуда од Фламенго вредна 38+4 милиони евра.
Се говори дека ќе бидат потребни најмалку 50 милиони евра за Вест Хем да почне да размислува за продажба.
Во моментов Лукас Пакета е надвор од стројот поради „повреда“, претходно се пишуваше дека фудбалерот одбива да игра со цел да изнуди трансфер.