Вест хем му работел на Потер зад грб, неговиот наследник е веќе договорен

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот стратег, Нуно Еспирито Санто ќе биде наследникот на Грем Потер кој доби отказ денеска на клупата на Вест хем.

Вест хем го отпушти Потер на два дена пред натпреварот против Евертон кој е закажан за понеделник, па не чекаше многу за негов наслендик.Тоа значи дека тие преговарале со неговиот наследник уште пред и официјално да го отпуштат.

Нуно Еспирито Санто беше одличен на клупата на Нотингем минатата сезона и овој клуб успеа да го одведе до пласман во Лигата на Европа, но на почетокот на оваа сезона доби отказ поради конфликт со сопственикот на клубот.

Најавите се дека Португалецот ќе го води Вест хем веќе во натпреварот со Евертон. Како опција се споменвуаше и Славен Билиќ, но на крајот Хрватот не се договорил со раководството.

Фото: West Ham

Можно е и ова да ти се допаѓа

×