Вест Хем ја одреди цената на Пакета, навивачите не можат да поверуваат

by bojan
1 минути читање
Пакета од Вест Хем ќе добие ослободителна пресуда

Како што пренесува Дејли Мејл, Вест Хем поставил цена од 30 милиони фунти за трансфер на Лукас Пакета, навивачите сметаат дека ова е прениска сума за Бразилецот.

Лукас Пакета изминатиов период е во центарот на скандал со обложување, неговата кариера висеше на конец, но последните информации велат дека тој ќе добие ослободителна пресуда.

И покрај ваквиот развој на настаните, се шпекулира дека Вест Хем е отворен за идејата Бразилецот да биде продаден ова лето.

Како што пренесува Дејли Мејл, „чеканите“ поставиле цена од 30 милиони фунти, сума која предизвика зачуденост кај навивачите.

Ова е речиси три пати помалку од тоа што Манчестер Сити беше подготвен да го плати пред две години, односно откупната клаузула вредна 85 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×