Вест Хем грчевито се бори за опстанок па доби нов шок, еден од најдобрите не сака да игра

by bojan
1 минути читање
Пакета од Вест Хем ќе добие ослободителна пресуда

Неколку извори објавија дека Лукас Пакета не сака повеќе да игра за Вест Хем, Бразилецот сака овој месец да направи трансфер во редовите на Фламенго.

Популарните „чекани“ оваа сезона грчевито се борат за опстанок, и во моментов се на минус седум во однос на Нотингем Форест.

Но Вест Хем и Нуно Еспирито Санто сега се соочуваат со нов проблем, еден од најдобрите играчи не сака повеќе да игра.

Станува збор за Лукас Пакета, кој на ум има враќање во Бразил и трансфер во редовите на Фламенго.

На маса веќе е ставена понуда од 40 милиони евра, па останува да се види како ќе биде решена оваа ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×