74
Избраниците на
Маурисио Покетино со победа над „Чеканите“ ќе се доближеа само на бод зад Челси
и ќе извршеа додатен притисок врз лидерот, кој својот натпревар го игра во
понеделник.
Но слично како и
минатата сезона, Тотенхем не издржа и сам си пресуди во трката за титулата.
Вечерва со бледа
партија, „Спарси“ кикснаа на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем.
Домаќините со
одлична и дисциплинирана игра во одбраната го неутпрализираа противникот, и
трпеливо ја чекаа својата шанса.
Таа дојде во 65. минута, кога Ланцини од пет метри ја затресе мрежата на Тотенхем
за голема радост на Вест Хем.