„Бјанконерите“ се првиот финалист во најелитното европско натпреварување
откако вечерва со победа од 2-1 над Монако ги чекираа билетите за Кардиф.
„Беше навистина
тешко, без разлика што на првиот натпревар победивме со 2-0” – вели Џиџи Буфонт.
„Доколку бевме
арогантни, ќе се најдевме во големи проблеми”.
„Имавме одредени
потешкотии, но со правилен ментален пристап, можете да ја надминете секоја
пречка”.
„Играме во финале
и многу сум среќен. Да не играв за волку голем клуб и да немав толку многу добри
соиграчи, никогаш немаше да настапам во ново финале од Лигата на Шампионите”.
Јувентус и Џиџи
Буфон играа финале во 2015 кога во Берлин загуби од Барселона.
„Пред две години
сите предвидуваа дека тоа е моето последно финале од Лигата на Шампионите”.
„Често пати и јас го помислував
истото”.
„Мората да
верувате во вашите соништа до последниот ден!”