Напаѓачот на
Лајпциг, Тимо Вернер извесен период се поврзува со трансфер во Ливерпул, а
своевремено медиумите јавија дека Јирген Клоп сакал лично да се сретне со
својот сонародник за да разговара со него.
Иако се верува
дека Вернер е поблизу од било кога до трансфер во Ливерпул, сепак,
специјализираниот фудбалски портал „Гол“ тврди дека 24 годишниот напаѓач е
алтернативна опција за Барселона и Реал Мадрид, во нивните обиди да се засилат
со Нејмар, Лаутаро Мартинез и Килијан Мбапе.
Првично во
Барселона се размислува за враќање на Нејмар, тоа е план за кој медиумите
известуваат од поодамна, Лаутаро исто така е опција, а интересно е тоа што план
„Б“ во операцијата на Каталонците е напаѓачот на Реал Сосиедад, Александер
Исак, а последен кој е додаден на листата е токму Вернер.
Од друга страна
пак, се уште не е познато колку Реал Мадрид може да дојде до потписот на Мбапе,
или неговиот соиграч Нејмар кој исто така се споменуваше, во низата желби на „Кралевите“
е секако и гол-машината од Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, а се верува дека
алтернативна опција е Вернер.