Швеѓанецот ова
лето конечно се пресели во Манчестер јунајтед за речиси 31 милион фунти од редовите на Бенфика, откако
неговото име се поврзуваше со „Црвените ѓаволи“ уште во јануари.
Неговата
вереница, Маја Нилсон сега проговори за животот во Манчестер, и откри дека Виктор
Линделов мора да изнајми ВИП ложа на Олд Трафорд за другите играчи да не го
гледаат како лузер.
Во исто време се
пожали дека сумата која дефанзивецот ја плаќа за оваа цел била „одвратна“.
„Тука играчите
имаат опција да изнајмат ВИП ложа и нема да ви кажам која е цената, но се
работи за одвратна сума на пари“ – вели Маја Нилсон.
„И доколку не
земете ВИП ложа, ќе ве сметаат за лузер“.
ВИП ложите на Олд
Трафорд чинат помеѓу 24.000 и 81.600 фунти, и можеби делуваат скапо, но Маја
заборава дека нејзиниот вереник има неделна плата од над 120.000 фунти, па тој
и најголемиот луксус може да си го дозволи со четири дена тренинг.