Верати: Ова е кошмар за Италија

by
1 минути читање

Македонија им приреди вистински шок на Италијаните кои не можат да разберат како загубија.

„Тешко е да се разбере. Мислам дека го доминиравме овој меч и требаше да победиме. Мораше да победиме“, изјави Верати.

„Требаше да дадеме гол рано и да го затворевме мечот бидејќи бевме супериорни, можевме подобро. Ова е фудбал, најважно е да се биде прецизен. Тешко ми е да објаснам. Ова е кошмар“.

„Кога ќе погледнам во соблекувалната гледам фудбалери кои можат да се борат за титулата Светски шампион, а ние тука зборуваме за катастрофа. Од херои до нула“.

„Тоа е фудбалот, треба да постигнуваш голови. Ние не го направивме тоа, дадовме се што имаме, но не беше доволно“.

„Немавме среќа, но исто така треба да си ја создадеш својата среќа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани