Во четврток од 20:45 часот Италија и Македонија го играат полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Италијаните се фаворити во оваа пресметка, но и самите знаат дека не смеат да се опуштат.
„Македонија се брани многу длабоко, па треба да внимаваме на нивните контра-напади. Во исто време мора да најдеме простор да им создадеме проблеми. Работиме на тактиката на тренинзите“, вели Верати.
„Ние сме навикнати да играме на ваков вид притисок. Знаеме дека ова е многу важем момент и не можеме да си дозволиме да го пропуштиме Светското првенство, ќе дадеме се од себе што имаме. Но нашиот противник ќе игра како тоа да им е меч на кариерата, па мораме и ние да го направиме истото“.
„Кога дојде Роберто Манчини ние бевме една скршена репрезентација, а со него станавме Европски шампион. Тој пред се работеше на психолошкиот момент со нас, сега сме комплетно друга репрезентација и ќе направиме се за да одиме во Катар“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.