Италијанецот е
прва цел на Барселона, па минатиот месец Марко Верати го извести ПСЖ дека сака
да замине.
„Светците“ не
помислуваат да се разделат со играчот, па категорично порачаа дека Марко Верати
не е на продажба и покрај тоа што се споменуваа суми и до 100 милиони евра.
На фудбалерот не
му се допадна ваквото однесување на ПСЖ, па дури се закани со штрајк и одбивање
да се врати во Париз на подготовките за новата сезона.
Но не само што се
врати во главниот град на Франција, Марко Верати вечерва и се извини и порача
дека е среќен на Паркот на Принцовите.
„Видов што кажа
мојот агент и сакам да кажам дека тоа не се мои зборови“ – вели Италијанецот.
„Сакам да им се
извинам на сите во клубот: претседателот, играчите, фановите”.
„Среќен сум тука.
Возбудн сум што се вратив и што ќе почнам со работа”.
„Знам дека овој
клуб има голема доверба во мене, и сакам уште еднаш да се извинам”.
„Имам голема
почит кон ПСЖ, тие ме направија играчот кој сум денес, па затоа длабоко жалам.
Тоа не беа мои зборови, мојот агент направи голема грешка”.
„Се надевам дека
ова нема да се повтори”.
Изјавата за која
се извинува Марко Верати е нападот на Донато Ди Камли до сопствениците на ПСЖ.
„Верати е
затвореник на емирот од ПСЖ” – обвини агентот на играчот.