Донато Ди Кампли, агентот на Марко Верати, излезе со интересна изјава за неговиот клиент кој е мета на Барселона.
„ПСЖ сака да изгради конкурентен тим ида јаосвои Европа, а не само лигата или купот во Франција“ – вели Донато Ди Кампли.
„Многу се зборува за Мбапе и понуда од 150 милиони евра, но досега ниту еден фудбалер од големите не пристигнал во Париз“.
„Да обиете да го продадете Верати за 100 милиони евра е веќе прашање на гордост… знаете што ми рече Насер Ал Келаифи?“.
„Ми рече дека Верати има договор до 2021 и дека не можат да го прдадат бидејќи сакаат да градат тим околу него“.
„Тој ми вели, ако го продадеме, ризикувам да ја загубам работата и во Доха никогаш нема да ми простат. Верати е затвореник на Емирот на ПСЖ“.
„Верати добро знае кои се неговите обврски од договорот со ПСЖ, но нормално е дека е поласкад интересот на Барселона“.