Вентура: Мундијалот ќе го гледам во мојот дом, во болка

by
1 минути читање

Големата Италија
нема да ја гледаме на Светското првенство во Русија кое се одржува идниот
месец, а поранешниот селектор на Аѕурите, Џампјеро Вентура беше на мета на
критики кај тамошната фудбалска јавност по тоа што одбиваше да се повлече од
клупата на таа национална селекција, се
до моментот кога веќе се прели чашата.

Ќе го гледам
Светското првенство во мојот дом, во болка
“ вели тој во изјавата за
италијанските медиуми.

На мечот со
Израел (1-0), по поразот кај Шпанија (0-3), требаше да се повлечам, целиот
стадион ја исвиркуваше нашата селекција. Ја понудив мојата оставка по мечот со
Македонија (1-1). Во текот на понудената оставка, им реков на челниците на
фудбалот во Италија дека на тоа место треба да дојде некој кој ќе внесе спокој
во тимот, бидејќи, имаше некаква непријателска клима
“ додаде тој.

Италија во
квалификациите беше во група со Македонија, токму нашата селекција и „откина“
два бода, а воедно и добро ја намачи во Скопје откако направи пресврт по
нивното водство, па во фото-финиш Италијанците стигнаа до победа.

Шведска беше „џелатот“
на  Аѕурите во бараж рундата од
квалификациите по што Италија остана без пласман на Мундијалот, по ова, Вентура се повлече од клупата на таа селекција низ доста контроверзен период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани