Вентура: Јас сум еден од најдобрите селектори на Италија, за две години имам само два порази

by
1 минути читање

Италија за прв пат по 1958 година нема да оди на Светско првенство, но селекторот Вентура не чувствува вина за тоа. Тој не поднесува оставка бидејќи така ќе замине без обесштетување, доколку добие отказ од федерацијата ќе добие и 700.000 евра.

Вентура има договор за селектор на Италија до јуни 2020 година.

„Не можам да зборувам сега. Во иднина ќе го имате целото мое време и ќе дискутираме за ова“ – одговори Вентура на прашањето дали ќе си поднесе оставка.

„Им се извинувам на Италијанците за спортскиот резултат. Ужасно е да се гледа Светското првенство без Италија, но тоа е, не можам да направам ништо околу тоа“.

„Се уште имам едни од најдобрите резултати во последните 40 години. Загубив само два натпревари во две години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани