Венгер со цврста порака за иднината на Озил и Санчез: Ќе заминат само под еден услов!

by
2 минути читање

Двајцата фудбалери имаат само уште една година од договорите, преговорите
за продолжување на соработката не бележат прогрес, па ова лето е последна шанса
за „Топчиите“ добро да заработат од своите две ѕвезди.

Но Арсен Венгер е спремен да се коцка и за без пари да ги загуби Месут Озил
и Алексис Санчез во 2018.

„Тие ќе останат, и се надевам дека ќе им ги продолжиме договорите – порача Французино во разговор со беИН Спортс. „Нема да заминат.

„Не сакаме да го
ослабнеме тимот и клубот, целта е составот да се засили
.

„Ќе размислиме за
нивна продажба само доколку можеме да пронајдеме играчи од ист калибар
.

„Во моментов не
сме во таква ситуација. Целта е да го задржиме тимот и да донесме неколку
засилувања
.

Запрашан дали не
е проблем да ги задржи Озил и Санчез до крајот на договорот, Арсен Венгер
одговори: „НЕ
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани