Венгер смета дека едно барање на скапото засилување го уништил шампионскиот среден ред на Ливерпул

by bojan
1 минути читање

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека барањето на Флоријан Вирц да игра како „10-ка“ го уништил шампионскиот среден ред на Ливерпул

„Црвените“ изминатово лето потрошија преку 400 милиони на засилувања, добро ја започнаа сезоната, но потоа влегоа во резултатска криза и наредија неколку порази.

Арсен Венгер смета дека ангажманот на Флоријан Вирц, и желбата на Германецот да игра како „10-ка“ се главна причина за проблемите на Ливерпул.

„Кога Вирц реши да не оди во Баерн Минхен и да се пресели во Ливерпул, тој побара од „црвените“ да игра како „10-ка“ наместо како крило. Ливерпул го прифати ова барање со цел да стигне до неговиот потпис“ – вели поранешниот тренер на Арсенал.

„Но со ова тие го уништија шампионскиот среден ред составен од Гравенберх, Мек Алистер и Собослаи. За да има место за Вирц, тие извадија еден од нив и го нарушија балансот“.

Против Астон Вила и Реал Мадрид, средниот ред го сочинуваа токму овие тројца фудбалери и Ливерпул се врати на победничките патеки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×