86
Арсенал ја игра најлошата сезона под водство на Арсен Венгер, голем дел од фановите сметаат дека е време тој да го напушти клубот, но нејасно е дали тоа ќе се случи.
Арсенал синоќа беше понижен од Кристал Палас од кој загуби со убедливи 3-0, а можеше и повеќе.
„Разбирам дека нашите фанови се разочарани и сите ние сме длабоко разочарани“ – вели Венгер.
„Загрижувачки и разочарувачки е кога ќе загубите таков натпревар. Но Кристал Палас претходно го победи и Челси, тоа покажува дека имаат квалитет“.
„Сум го водел Арсенал на повеќе од 1000 натпревари, и никогаш не сме губеле вака. Треба да одговориме брзо“.