Венгер објасни зошто Санчез се уште нема ставено потпис на нов договор

by
1 минути читање

Чилеанецот е
обврзан кон „Топчиите“ до 2018, преговорите за продолжување на соработката се
одложени за по крајот на сезоната, па често се говори дека играчот ќе замине од
Северен Лондон.

Последните
информации велат дека Алексис Санчез сака да се пресели во Челси па е подготвен
во целост да го одработи договорот со Арсенал и во 2018 да пристигне на
Стемфорд Бриџ како слободен играч.

Сепак, Арсен
Венгер вели дека фудбалерот е среќен во Арсенал, сака да остане и треба само
тие да ја договорат платата со неговиот агент.

„Верувам дека тој
сака да остане во Арсенал и сега треба да се пронајде заеднички јазик со
неговиот агент
– рече Французинот
на денешната прес конференција.

„Играчот првин
треба да види дали е среќен и потоа да постигне договор. Финансиите се дел од
сето ова
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани