Венгер не го интересира тоа што мисли поранешниот капитен на Арсенал

by
1 минути читање

Поранешниот
капитен на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Тони Адамс во својата
автобиографија напиша безброј критики кон францускиот стратег Арсен Венгер, кој
долги години е на клупата на Арсенал.

Адамс открива
дека Венгер секогаш се плашел од конфронтација со фудбалерите, посебно со оние
постарите, па често немал авторитет кон нив, тоа не им се допаѓало на
останатите.

На
пресконференцијата во пресрет на утрешниот меч против Евертон во последното
коло од Премиерлигата, Венгер беше запрашан и за критиките од страна на
легендата на Арсенал, при што даде конкретен одговор.

Воопшто не ме интересира
што мисли Тони Адамс, искрено не им придавам значење на неговите
коментари…
“ истакна Венгер.

Арсенал утре го
очекува тешка мисија, речиси невозможна, атакува на победа на домашен терен, но истовремено ќе
очекува дека Мидлзборо ќе направи чудо на гостувањето кај Ливерпул.

Арсенал
заостанува еден бод зад Ливерпул за четвртото место на табелата, позиција
која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани