Венгер ја разгледува опцијата за трампа со ПСЖ

by
1 минути читање

Манчестер Сити и Париз
Сент Жермен остануваат главните претенденти за потписот на Алексис Санчез,
откако стана јасно дека Баерн Минхен се повлекува од трката.

Договорот на Чилеанецот
со Арсенал истекува идното лето, па доколку сака да искористи нешто од него,
тогаш Премиерлигашот од Лондон освен во јануари, друг период нема да може да го
стори тоа.

Според информациите кои
пристигнуваат од Островот, се вели дека Арсен Венгер ја разгледува опцијата за
трампа со ПСЖ, Санчез да се пресели во Франција, додека пак во обратна насока
да биде Германецот Јулијан Дракслер.

Тоа што извесен период
се шпекулира е тоа дека Арсенал би можел да се согласи на обештетување од 30
милиони фунти за Чилеанецот во јануарскиот преоден рок, но, Венгер се чини дека
преферира да има засилување за возврат.

Притоа, вреди да се
напомене дека очекувањата во Англија се Манчестер Сити да го реобнови интересот
за Санчез, па останува да видиме каква ќе биде трката по потписот на Чилеанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани