Арсен Венгер ја
отфрлил можноста да го преземе кормилото на клупата на Фулам откако
Премиерлигашот му врачи отказ на Славиша Јокановиќ, а потоа на таа позиција го
постави Клаудио Раниери.
Јокановиќ ја
плати цената на слабите резултати на тимот кого му донесе промоција во
Премиерлигата по одличните перформанси во ланската сезона во
Чемпионшипдивизијата, Фулам во своето соопштение до јавноста потврди дека имале
повеќе опции и разговарале со повеќе кандидати, а Telegraph Sport објави дека еден од нив бил и токму
поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.
Неофицијално,
францускиот стратег чека вистинска понуда, а како опција се споменува Баерн
Минхен, каде извесно е дека германскиот првак нема долго да има трпение со Нико
Ковач.