Венгер „ИН“ – Бељерин се предомисли…

by
2 минути читање

Бекот на Арсенал,
шпанскиот интернационалец Ектор Бељерин пред извесен период најнапред ја
продолжи соработката со лондонскиот премиерлигаш до 2023. година, па така се
чини дека ги реши дилемите околу неговата иднина.

Меѓутоа, иако на
големо се најавуваше дека ќе ги засили редовите на каталонскиот гигант
Барселона ова лето при што Арсенал би имал фантастична заработка од
евентуалната негова продажба, сепак тој се предомисли.

Бељерин неодамна
во јавноста изјавуваше дека неговото останување во клубот зависи од тоа дали ќе
остане францускиот стратег Арсен Венгер во клубот или пак ќе си замине, по се’
се чини дека Венгер
има големо влијание во решителноста на Бељерин да ги одбие сите понуди
пристигнати до негова адреса летово.

Арсенал е клубот
кој ми даде прилика да се развијам, тренерот имаше голема доверба во него, премногу
сум му должен за тоа, живеам во Лондон веќе шест години и сеуште го истражувам
овој град, го обожавам местово
“ истакна Бељерин, кој потекнува од академијата
на Барселона, на 16 годишна возраст потпиша десетгодишен договор со тимот од
Лондон.

Иако се погласни
се навивачите на Арсенал дека е дојдено вистинско време Венгер да се повлече од
клупата на овој тим, па често излегуваа со натписи на трибините на кои пишуваше
„Венгер Аут“, се чини дека шпанскиот бек им испрати јасна порака за значањето
на францускиот стратег во тимот од Лондон.

Освен Барселона,
интерес за него истовремено пријавуваа Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани