Венгер има проблеми со Санчез и Озил кои влијаат на резултатите на Арсенал

by
1 минути читање

Информациите од Англија велат дека Алексис Санчез имал неколку кавги со Арсен Венгер и дел од соиграчите поради што и го почна мечот со Ливерпул од клупата за резерви.

Чилеанецот сака да си замине од клубот и тоа сигурно ќе го направи во летниот преоден рок, но како сезоната се ближи до крајот, така неговото однесување на тренинзите станува проблематично и влијае на атмосферата во тимот.

Проблем за Венгер претставува и формата на Месут Озил кој не е ниту бледа сенка на оној од првиот дел од сезоната. Германецот игра далеку од својот потенцијал, факт кој го иритира и Венгер и навивачите на тимот.

Тој го пропушти мечот против Ливерпул поради болест, а медиумите во Англија претпоставуваат дека и тој ќе бил ставен на клупата доколку можел да биде во комбинација за мечот.

Озил е неизвесен и за дуелот со Баерн Минхен, а се верува дека Санчез ќе биде вратен во стартниот тим за мечот од Лигата на шампионите.

Проблемите кои Венгер ги има со своите најдобри фудбалери може да бидат пресудни во трката за топ четири во Англија. Конкуренцијата оваа сезона е голема и Арсенал ризикува да не избори пласман во Лигата на шампионите, нешто што му се нема случено во ерата на Венгер која се чини дека полека завршува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани