Арсенал потешко од очекувањата стигна до триумф над
Норвич во осминафиналето о Лига Купот на Англија.
Топчиите имаа негатива се до 85. минута кога на сцена
настапи тинејџерот Едвард Нкетиа кој најпрво израмни на 1-1, за веќе во
продолжението по само шест минути игра да му донесе и водство за победа на
својот тим.
Францускиот стратег Арсен Венгер е познат по тоа што е
добар „ловец“ на големи фудбалски таленти, па таков е случајот и со младиот
Англичанец кој на синоќешното деби во сениорскиот состав на Арсенал погоди во
првата минута откако влезе во игра.
Станува збор за 18 годишен офанзивец кој седум години (2008/15)
мина во младинскиот погон на Челси, за подоцна да се префрли во младите
категории на Арсенал, а притоа годинава постигна седум гола за младинските
селекции на Англија, четири за У18, односно три за У19.