77
„Топчиите“ цело лето се обидуваа да го ангажираат талентираниот Французин и имаа три неуспешни обиди.
Минатата недела Арсен Венгер порача дека нема да достави нова понуда зошто Монако ја затворил вратата.
Но вечерва Арсенал испрати предлог вреден неверојатни 100 милиони евра, речиси двојно од она што го нудеше пред неколку недели.
Секако, Монако ја прифати оваа неверојатна понуда, но проблем е тоа што Томас Лемар сега не сака на Емирaти.
Играчот преферира трансфер во Ливерпул, кој исто така достави неколку понуди изминативе 48 часа, последната вредна 80 милиони евра.