„Венгер би го одбил секој клуб во светот, затоа што знае дека секаде би добил отказ по една година“

by
1 минути читање

Тони Адамс вели дека Арсен Венгер во Арсенал прави што сака, има привилигирана позиција која не би ја имал на било кое друго место во светот.

„Венгер изјави дека ќе го одбие било кој друг клуб во светот. Но вистината е дека во Реал би добил отказ за една година. Потоа би одел од клуб во клуб. Тој владее во Арсенал, а раководството ништо не работи. Венгер може да прави што сака“ – вели Адамс.

„Арсен добива осум милиони фунти годишно, а помладите тренери 30.000. Во Челси добиваат по 90.000 фунти. Тој има чуден однос кон парите. Венгер не троши ниту за вечери, едноставно нема пријатели во Англија. Има само неколку во Франција. Дури и жал ми паѓа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани