Арсенал на
домашен терен го пречекува Келн во првото коло од групата „Х“ каде уште играат
и Црвена Звезда и БАТЕ Борисов, а домаќините за вечерашниот меч се „десеткувани“.
Стратегот од
клупата на Арсенал, Французинот Арсен Венгер на тренингот во пресрет на
вечерашната пресметка немаше дури седуммина првотимци, меѓу кои Чех, Кошчиелни,
Лаказет, Велбек, Озил, Ремси и Џака, па тој мораше да комбинира за дуелот со
Келн.
Арсенал (3-4-3):
Оспина, Мертесакер, Санчез, Жиру,
Волкот, Холдинг, Ивоби, Монреал, Белјерин, Нилс и Елнени.
На „Емирејтс“
арената во Лондон ќе има само 2.900 гостински навивачи, иако во Англија за овој
натпревар допатуваа дури 20.000 фанови на германскиот тим.
Натпревари од
21,05 часот:
Арсенал – Келн
Црвена Звезда –
БАТЕ Борисов
Стеауа – Плзен
Гимараеш –
Салцбург
Хапоел Бер Шева –
Лугано
Херта – Атлетик Билбао
Олимпик Марсеј –
Конјаспор
Реал Сосиедад –
Розенборг
Вардар – Зенит
Зулте Варегем –
Ница
Витезе – Лацио
Зорја – Остерсундс
Извор:
uefa.com