Венеција го запре Наполи, дебакл за Лацио во Болоња (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од главните кандидати за скудетото Наполи киксна во 29. коло на Серија А и одигра натпревар без голови во Венеција (0-0).

Средбата на „Пјерлуиџи Пенцо“ не понуди погодоци, иако гостите беа доминантни и имаа доста шанси. Наполи притискаше, но не успеа да го скрши домнашниот отпор и му остави простор на Интер да се одлепи на табелата.

Вистински дебакл доживеа Лацио на гостувањето на „Ренато Далара“ во Болоња, бидејќи загуби со 5-0 (1-0). Домашниот тим поведе во првиот дел преку Одгард, а потоа во вториот дел уште четири пати се тресеше мрежата на гостите. За Болоња погодуваа Орсолини, Ндоје, Кастро и Фабиан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани