Според последните информации, Арсенал започнал првични разговори за можни проширување на својот стадион „Емирати“, пренесува „Би-Би-Си“.
Иако се работи за многу рана фаза од процесот и сè уште нема конкретен план, една од разгледуваните идеи е „топчиите“ привремено да ги играат домашните натпревари на легендарниот „Вембли“ додека траат градежните активности.
Оваа иницијатива доаѓа во пресрет на 20-годишнината од преселбата од култниот „Хајбери“ во сегашниот дом во северен Лондон. Целта на клубот е преку реконструкција и ново распоредување на седиштата да се зголеми капацитетот на стадионот за неколку илјади места.
Во моментов, „Емирати“ собира 60.704 гледачи и се наоѓа на петтото место на листата на најголеми фудбалски стадиони во Англија.